Арсенал е многу блиску до доведување на фудбалерот на Лестер, Јури Тилеманс, во своите редови. По ангажирањето на Фабио Виера од Порто, лондонскиот клуб е во потрага по нов креативен играч за врска.
Неколку клубови покажаа интерес за Тилеманс, но тој наскоро се очекува да стане нов играч на Арсенал.
Медиумите од Островот пренесуваат дека клубот од „Емирати“ веќе подготвил понуда вредна околу 35 милиони евра.
Договорот на дваесет и петгодишниот играч за врска со Лестер истекува следната година, па „лисиците“ би биле подготвени да го продадат за играчот да не го напушти клубот без обештетување. Доколку се реализира овој трансфер, Артета ќе има група одлични креативци на средината на теренот, заедно со Виера и Одегард.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













