Барселона упати понуда до Баерн Минхен за напаѓачот Роберт Левандовски, изјави денеска претседателот на каталонскиот клуб, Хоан Лапорта.
„Дадовме понуда и чекаме одговор. Ќе видиме дали ќе биде позитивен. Му благодариме на играчот што покажа интерес за нашиот клуб“, изјави Лапорта новинарите при претставувањето на данскиот играч Андреас Кристенсен.
Левандовски на крајот на мај изјави дека неговата приказна со Баерн е завршена и дека преселбата во нов клуб ќе биде најдоброто решение. 33-годишниот полски напаѓач има уште една сезона од договорот со Баерн.
На крајот на јуни германскиот печат објави дека Барселона на Баерн му понудила 40 милиони евра, плус 5 милиони евра бонуси.
Левандовски е во Баерн од 2014 година, за кој на 375 натпревари во сите натпреварувања постигна 344 гола. Минатата сезона, тој постигна 35 гола на 34 натпревари и беше најдобар стрелец во Бундес- лигата петта сезона по ред, а вкупно седма.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













