Германскиот првак Баерн Минхен уште еднаш ги демантираше гласините дека е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо. Генералниот директор на Баерн, Оливер Кан, изјави дека потпишувањето на договор со 37-годишниот Португалец би било спротивно на клупската филозофија.
Роналдо сака да го напушти Манчестер јунајтед и да се приклучи на клуб со кој би играл во Лигата на шампионите. Португалецот освои пет титули во Лигата на шампионите, четири со Реал (2014, 2016, 2017, 2018) и една со Манчестер Јунајтед (2008).
Манчестер Јунајтед минатата сезона заврши на шестото место во Премиер лигата, а оваа сезона ќе игра во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













