
Централниот дефанзивец Александар Ристевски е најновото засилување на Брегалница за претстојната сезона во Првата македонска фудбалска лига. 30-годишниот Ристевски изминатата година настапуваше во редовите на косовскиот прволигаш Приштина, од каде сега доаѓа во Брегалница.
Ристевски има богата прволигашка кариера зад своето име настапувајќи за Металург, Скопје, Победа, Пелистер, Ренова, Струга ТЛ и за Работнички во македонскиот шампионат, како и за екипата на Влазнија во албанското првенство.
Низ досегашниот преоден рок Брегалница се засили и со досегашниот фудбалер од средниот ред на Академија Пандев, Адис Хаџановиќ од БиХ, Белгиецот Фајсел Касми, поранешниот македонски репрезентативец Горан Силјановски, долгогодишниот капитен на Борец, фудбалерот од средниот ред Ѓорѓи Ѓорѓиев, дефанзивецот Александер Борха Кордоба, како и црногорскиот голман Немања Шчекиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез
