Челниците на Милан одржале состанок со агентите на Чарлс де Кетеларе за потенцијалниот трансфер на фудбалерот на „Сан Сиро“. Младиот играч за врска на Клуб Бриж е голема желба на Паоло Малдини.
Милан веќе подолго време преговара со белгискиот клуб за младиот играч, но Лидс би можел да им го расипе договорот. Англискиот клуб испрати понуда вредна 30 милиони евра, што е за 10 милиони повеќе од неодамнешната понуда на актуелниот италијански шампион.
Клуб Бриж има намера да ја прифати понудата на Лидс, но Де Кетеларе не сака во Англија. Наводно, играчот сака да се пресели на „Сан Сиро“, но проблем е малата понуда од Милан, па денешната средба би можела да биде клучна за конечен договор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













