Поранешниот играч на Наполи, Дрис Мертенс стана слободен агент откако му истече договорот со италијанскиот клуб.
Мертенс се надеваше дека ќе ја продолжи соработката со Наполи, но по неуспешните преговори беше принуден да почне да бара нов клуб по девет години играње во дресот на „сините“. Неговите агенти веќе отпатувале на југот на Франција за да преговараат за потенцијален трансфер на играчот во Олимпик Марсеј.
Претседателот на францускиот клуб Пабло Лонгорија претходно изјави дека е голем фан на Белгиецот.
Покрај Олимпик Марсеј, интерес за искусниот напаѓач покажаа и Лацио и Антверпен.
Белгискиот репрезентативец одигра 295 натпревари во дресот на Наполи и постигна 113 голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













