
Академија Пандев утревечер во Полска ја почнува новата европска авантура. Тимот на Ѓорѓе Стојчев за ривал го има составот на Легија Гдањск. Тренерот на македонскиот претставник верува дека ова е одлична можност за младиот тим на Академија Пандев да се покаже на големата сцена.
„Ова е само вторпат да играме во европски натпреварувања. Ова е големо достигнување за нас. Ние сме мал клуб од една мала земја и благодарение на ваквите натпревари можеме да се промовираме себеси, но и нашиот фудбал. Ја анализиравме Лехија, тие имаат многу квалитет, многу многу добри играчи. Се е можно во фудбалот и ќе дадеме се од себе. Имаме млад тим, многу играчи до 21 година. За нив тоа е и одлична можност да се покажат“, изјави Стојчев на прес-конференцијата.
Напаѓачот Кристијан Велиновски вели дека Академија Пандев е добро подготвена за предизвикот.
„Многу добро сме подготвени за овој натпревар. Трениравме цел месец за да бидеме подготвени за натпреварот против Лехија. Дефинитивно е еден од најдобрите тимови во Полска, многу добро физички подготвен. Сепак, верувам дека ќе оставиме добар впечаток и дека ќе оствариме добар резултат“, истакна Кристијан Велиновски.
Натпреварот меѓу Лехија Гдањск и Академија Пандев се игра утревечер, со почеток во 20.15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
