Connect with us

Тетекс ги почна подготовките за новата сезона

Македонскиот второлигаш Тетекс денеска означи старт на подготовките за новата сезона. Тетовци до 22 јули ќе тренираат на теренот во Порој, а потоа ќе следуваат подготовките во Струга.


Шефот на стручниот штаб Бојан Захариев, на денешниот тренинг имаше на располагање 26 фудбалери. Првиот контролен натпревар на програмата е на 20.јули против Работнички во Скопје.

Новитет е продолжување на договорот со Дашмир Берзати, кој ја продолжи верноста кон нашиот клуб. Нов фудбалер е Данило Грозданоски од српскиот лигаш БСК Батајница, а за капитен на тимот е избран Михајло Јакимовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови