Франк Кеси денеска ја имаше својата презентација на „Камп Ноу“, а изјави дека клучот за неговата одлука да дојде во Барселона е можноста да игра под раководството на тренерот Чави Ернандез.
„Кога ќе ве повика голем тренер како него, тогаш гледате дека сите ваши напори вределе“, изјави Кеси, кој пристигна од Милан како слободен играч.
„Многу сум среќен што сум дел од ова семејство и овој голем клуб. Едвај чекам да се сретнам со моите соиграчи и стручниот штаб и да почнам да работам. На тренерот му стојам на располагање и тој ќе одлучи на која позиција ќе играм, и без разлика ќе го дадам максимумот“, изјави интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













