
Торонто, клубот од МЛС – лигата, е се поблиску до привлекување на играчот од средниот ред Федерико Бернардески. Италијанскиот репрезентативец е слободен играч откако на 30 јуни му истече договорот со Јувентус.
Тој помина пет сезони со „бјанконерите“, постигнувајќи 12 гола на 183 натпревари и освојувајќи седум трофеи, вклучувајќи три титули на Италија.
Доколку дојде до преселба во Торонто, Бернардески ќе стане третиот италијански играч што ќе му се приклучи на тимот ова лето, по Лоренцо Инсиње и Доменико Кришито. Пред нив четири сезони таму мина и напаѓачот Себастијан Џовинко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
