Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите на тројцата Бразилци, кои иако млади дадоа огромен придонес во освојувањето на двојната круна минатата сезона. Едер Милитао (24) дојде во Реал пред три години од Порто за обештетување од 50 милиони евра.
Најскапиот дефанзивец во историјата на Реал Мадрид имаше лош старт во најголемиот клуб, но минатата сезона неверојатно напредуваше, па беше награден со нов договор до 2028 година, иако по него дојдоа и Алаба и Рудигер.
Родриго (21) во Реал пристигна од Сантош за 45 милиони евра, а нов договор доби со одличните перформанси на крајот од трофејната сезона, кога со голови во клучните натпревари се покажа како суперзамена. Тој ќе потпише до 2028 година.
Винисиус Жуниор (21) пристигна една година пред својот сонародник од Фламенго, исто така за 45 милиони евра, а минатата сезона експлодираше. Тој требаше да потпише до 2026 година, но претседателот на Реал инсистираше неговиот нов договор да трае една година подолго и така ќе биде.
Сите тројца Бразилци во новите договори со Реал ќе имаат откупна клаузула од една милијарда евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal