Connect with us

Суспензијата на Шкендија намалена на два меча надвор од Тетово

Македонскиот прволигаш Шкендија наместо четири, ќе игра само два натпревари како домаќин надвор од Тетово. Ова откако раководството на Шкендија се жалеше на претходната одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.


Новата одлука е двојно помала – Шкендија ќе треба да одигра два натпревари како домаќин 100 километри надвор од Тетово и ќе треба да плати парична казна од 5.000 евра.

Теренот на Шкендија беше суспендиран по дербито (0-0) против Шкупи што се одигра на Градскиот стадион во Тетово на кое се случија низа инциденти. Актерите беа гаѓани со тврди предмети од трибините, а имаше и навредливи скандирања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови