
Македонскиот шампион Шкупи вечерва (20.45 часот) го почнува настапот во квалификациите на Лигата на шампионите. Линколн од Гибралтар е првата пречка за тимот на Гоце Седлоски и верува дека неговите избраниви се подобри и ќе успее да се пласираат во следното коло, каде ги очекува Динамо Загреб.
Шкупи вечерва, на првиот дуел е домаќин, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

„Подготвени сме, максимално. Еден месец работиме и подготвени сме за предизвикот. Нема да го потцениме противникот, апсолутно имаме респект за Линколн Ред Импс затоа што тоа е шампион на една земја, но веруваме во нашиот квалитет. Ние, секако, ќе ја играме нашата игра и сакаме да оствариме победа. Шкупи на секој натпревар игра напаѓачки, тоа секако ќе се случи и утревечер. Треба да покажеме зошто сме шампиони на Македонија“, вели Гоце Седлоски.
Капитенот Кристијан Наумовски е уверен дека Линколн е ривал што Шкупи треба да го елиминира.
„На хартија, го добивме најлесниот ривал. Но, знаеме дека нема да биде лесно. Најважен е првиот нареден натпревар. Засега размислуваме само за Линколн и како да оствариме триумф. Потоа ќе размислуваме за евентуалниот двомеч со Динамо Загреб“, изјави голманот Наумовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
