
Македонскиот првак Шкупи го почнува настапот во квалификациите на Лигата на шампионите. Прв ривал е Линколн од Гибралтар, а тренерот Гоце Седлоски верува дека неговиот тим е подобар и ќе успее тоа да го докаже на претстојниот двомеч.
„Подготвени сме, максимално. Еден месец работиме и подготвени сме за предизвикот. Нема да го потцениме противникот, апсолутно имаме респект за Линколн Ред Импс затоа што тоа е шампион на една земја, но веруваме во нашиот квалитет. Ние, секако, ќе ја играме нашата игра и сакаме да оствариме победа. Шкупи на секој натпревар игра напаѓачки, тоа секако ќе се случи и утревечер. Треба да покажеме зошто сме шампиони на Македонија“, изјави тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски.

Капитенот Кристијан Наумовски вели дека Линколн е ривал што треба да се елиминира.
„На хартија, го добивме најлесниот ривал. Но, знаеме дека нема да биде лесно. Најважен е првиот нареден натпревар. Засега размислуваме само за Линколн и како да оствариме триумф. Потоа ќе размислуваме за евентуалниот двомеч со Динамо Загреб“, истакна голманот Наумовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
