
Хрватот Игор Тудор е новиот тренер на Олимпик Марсеј. Тој потпиша двегодишен договор и ќе го наследи Хорхе Сампаоли.
„Со само 44 години, Игор Тудор веќе има големо искуство во европскиот фудбал. Играше во Хрватска, Грција, Турција и Италија и водеше неколку клубови во различни лиги. Неговата филозофија е насочена кон иднината, секогаш се трудеше да го создаде идентитетот на својот тим“, истакна Олимпик Марсеј на официјалниот сајт, потсетувајќи дека Тудор ја водеше Верона во италијанското првенство минатата сезона.
Сопственикот на Олимпик Марсеј, Френк Мекорт, изјави дека Марсеј е посилен денес благодарение на раководењето на спортскиот директор Пабло Лонгорија.
„Тој неуморно работеше со Хорхе Сампаоли за да го засили тимот. Благодарение на Сампаоли, и оваа сезона нè очекува нов, убав предизвик бидејќи клубот се враќа во Лигата на шампионите. Ни требаат лидери кои ја споделуваат нашата визија и ги разбираат очекувањата на навивачите. Се надеваме дека Игор Тудор е вистинското решение,“, изјави Френк Мекорт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
