
Италијанскиот калчолигаш Рома е на добар пат да го доведе досегашниот фудбалер на Реал Мадрид, Иско Аларкон. Одличниот играч за врска го напушти „кралскиот клуб“, а Жозе Мурињо сака да го доведе во Рома.
Работите засега се развиваат поволно за Рома во преодниот рок. Мурињо досега успеа да го постигне тоа што го посакуваше, пристигна Матиќ, се чекаат турскиот дефанзивец Зеки Челик и најталентираниот италијански играч за врска Фратези.
Во Италија тврдат дека Иско ја избрал Рома. Шпанецот имаше две понуди, двата клуба од Севилја го посакуваа Андалузиецот, но се појави Мурињо и наводно Иско сака да пристигне во Рим.
Мурињо го крои тимот, главна цел е пласман во Лигата на шампионите по неколку години, а во редовите на „волчицата“ оптимизмот е максимален откако го освоија трофејот во Конференциската лига на УЕФА.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
