Кристијан Ериксен наскоро ќе потпише за Манчестер Јунајтед, откриваат медиумите на Островот. Данскиот интернационалец се согласил на соработка на три години.
Тој пристигнува во Јунајтед откако му истече договорот со Брентфорд. Ериксен оваа недела ќе стави потпис на договорот со Манчестер Јунајтед, а клучен човек во целата операција беше новиот менаџер на Ерик тен Хаг, кој инсистираше да го доведе на „Олд Трафорд“.
Ериксен на почетокот на годината потпиша шестмесечен договор со Брентфорд. Во тој клуб се врати во форма по долгата пауза.
Да потсетиме, лани на Европското првенство тој преживеа срцев удар. Откако му вградија дефибрилатор, тој автоматски повеќе не можеше да биде член на италијанскиот шампион Интер, бидејќи Серија А не дозволува играчите со срцеви аномалии да играат во шампионатот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













