Англискиот првак Манчестер Сити го претстави Калвин Филипс како ново големо засилување за претстојната сезона. По ангажманот на Ерлинг Халанд, одличниот играч од средниот ред и англиски репрезентативец пристигна на „Итихад“ од Лидс Јунајтед за сума од 45 милиони фунти.
Филипс ќе го носи дресот со број „4“, кој некогаш беше сопственост на Винсент Компани.
„Пресреќен сум што доаѓам во голем клуб како Манчестер Сити. Едвај чекам да работам со тренер како Пеп Гвардиола. Верувам дека ќе се бориме за сите трофеи и можам да ветам дека на секој натпревар ќе го давам максимумот“, изјави Калвин Филипс по потписот на договорот со „граѓаните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal