Кејлор Навас падна во втор план во ПСЖ откако најдобриот голман на минатогодишното Европско првенство, Џанлуиџи Донарума, се наметна од минатото лето. Договорот на 35-годишниот Костариканец со парижаните е обврзувачки уште две години, но тој наскоро би можел да се пресели некаде каде што ќе биде прв избор.
На врвот на листата е Наполи, кој во пресрет на новата сезона остана без својот прв голман, Колумбиецот Давид Оспина, кому му истече договорот. Италијанците неодамна го продолжија договорот со Алекс Мерет, но со него би сакале да имаат уште една сигурна голманска опција.
Навас на големата сцена се појави во 2014 година кога брилијантно бранеше за Костарика на Светското првенство во Бразил, каде неговата репрезентација беше најголемото изненадување на турнирот. Тоа му донесе трансфер во Реал Мадрид со кој освои три трофеи во ЛШ.
Кејлор Навас ова лето би можел да му се придружи на Елиф Елмас во Неапол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













