
ПСВ Ајндховен ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите и сака да обезбеди пласман во групната фаза, поради што реши значително да го засили играчкиот кадар.
Марио Геце си замина, но на „Филипс арена“ веќе го ангажираа Лук Де Јонг, а ќе пристигне и Гус Тиел од Спартак Москва.
Сепак, вистинската бомба може да биде Џорџинио Вајналдум.
Холандскиот репрезентативец немаше голема минутажа во Пари Сен Жермен, а во ПСВ Ајндховен би можел да ја ревитализира кариерата и да игра во Лигата на шампионите.
Проблем секако е платата од 4,5 милиони евра годишно, па од ПСВ се надеваат дека Холанѓанецот би ги намалил барањата или дека ќе се направи компромис со ПСЖ.
Доколку успеат во намерата, челниците на клубот од Ајндховен би можеле да направат многу интересен тим кој би се борел за титулата со неприкосновениот Ајакс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
