Oсман Дембеле останува во Барселона, тврди каталонскиот „Спорт“. Францускиот интернационалец ја прифатил понудата на клубот за нов договор, иако таа не ги задоволува неговите финансиски барања.
Токму ова предизвика преговорите меѓу двете страни да се одолговлечат неколку месеци. Дембеле не сакаше да прави отстапки, а раководството на Барса порача дека нема да ја крене својата понуда. Разделбата изгледаше неизбежна, но сега дојде до пресврт и постигнат е договор за продолжување на соработката.
Потпишувањето на новиот договор мора да го одобри извршниот директор на клубот Матеу Алемани, кој до неодамна беше против останувањето на крилниот напаѓач. Французинот ќе зема 40% помала плата од досегашната, а неговата плата ќе биде приближна на онаа на младата ѕвезда Ансу Фати.
Барселона сака што побрзо да ја прекине сагата со новиот договор на Дембеле и тој да почне да тренира заедно со остатокот од тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













