
Кристијано Роналдо побарал од раководството на Манчестер Јунајтед да го пушти да си замине од „Олд Трафорд“ доколку пристигне соодветна понуда во клубот, пишува британски „Тајмс“. Главниот мотив на 37-годишниот Португалец е неговата желба да игра во Лигата на шампионите.
Роналдо играше во најпшрестижното клупско натпреварување во 19 последовни сезони од 2003 година. Тој никогаш не се појавил во Лига Европа, каде што Манчестер Јунајтед ќе игра следната сезона.
Кристијано верува дека има уште три или четири години на високо ниво и сака да ги помине во клуб кој е способен да освојува трофеи, како и да му помогне да додаде нови во колекцијата на индивидуални достигнувања.
Неговиот агент Жорге Мендеш веќе го понудил на неколку клубови, почнувајќи од Баерн Минхен, Челси, Рома, а последните гласини се дека Роналдо би можел да биде и соиграч на Елиф Елмас во Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
