
Продолжуваат преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона за трансферот на холандскиот интернационалец Френки де Јонг, но во конкуренција за потписот на играчот од средниот ред може да влезе и друг англиски клуб. Челси ја следи ситуацијата и доколку пропадне планираниот трансфер, лондончани се подготвени да дадат понуда за Холанѓанецот.
25-годишниот Де Јонг моментално е на одмор во САД и се уште не е целосно убеден дали да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед и да ја напушти Барселона. Меѓу главните причини за сомнежите на фудбалерот е неговата желба да игра во Лигата на шампионите.
Според информациите, Барселона може само да го искористи интересот на Челси да ја подигне цената на Френки де Јонг и да ги забрза преговорите со Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
