
Монца на Силвио Берлускони обезбеди пласман во Серија А и би можела да приреди „шоу“ следната сезона во италијанскиот шампионат.
Тандемот Берлускони – Галијани своевремено владееше со Милан, Италија и европскиот фудбал, а дека немаат заборавено како се работи, сакаат да потсетат токму со Монца.
Клубот е на чекор до ангажман на Мауро Икарди од ПСЖ, но се вмеша и во трката за Пауло Дибала.
Аргентинецот долго време преговара со Интер, во игра е и Милан, но со Берлускони никогаш не сте на сигурно и тој би можел во последен момент да го „грабне“ и да го доведе во Монца. Би бил тоа фантастичен тандем во нападот за новиот калчолигаш.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal