
На Светското првенство во Катар ќе се користи полуавтоматски систем за офсајд, потврдија од ФИФА.
Целта е да не се губи толку многу време на одлуки за офсајд, а системот е опишан како „уметничко дело“. Во средината на топката има сензор кој испраќа податоци 500 пати во секунда за да покаже точно кога е шутирана топката.
Дополнително, на кровот на секој од стадионите ќе има 12 камери кои ќе бидат „100% синхронизирани“ и ќе ја следат само топката и 29 позиции кај секој играч и ќе испраќаат податоци 50 пати во секунда за да се пресмета точната позиција на сите на теренот.
Секој играч во офсајд позиција автоматски ќе испрати сигнал до ВАР просторијата.
Системот за кој станува збор се користел на Арапскиот куп, како и на Светското клупско првенство, а се проценува дека времето за одлучување за офсајди е намалено од 70 секунди на 25 секунди.
Шефот на судиите на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, ги отфрли коментарите дека роботи ќе бидат судии.
„Читав за роботи судии. Разбирам дека звучи многу добро за убав наслов во медиумите, но тоа нема да се случи. Судиите се уште ги носат одлуките. Полуавтоматскиот систем дава одговори само за тоа дали играчот бил во офсајд кога топката била шутната. Одлуката дали имало игра со рака или фаул е на судијата. Нашата цел е да се осигураме дека одлуките се донесуваат правилно“, објасни Колина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички
