Аргентинскиот тренер Хорхе Сампаоли ненадејно решил да го напушти Олимпик Марсеј, пренесуваат медиумите во Франција. Немаше индикации дека ќе се случи ова сценарио, но и не е многу чудно кога се во прашање Олимпик Марсеј.
Претходно слично реагираа и Марсело Биелса и Андре Вилјаш Боаш бидејќи раководството на клубот не го поддржа тренерот во неговите намери.
Сампаоли побара од челниците да го засилат тимот за да биде што е можно поконкурентен во Лигата на шампионите следната сезона, но повратните информации не беа како што Сампаоли се надеваше. Засега клубот ги доведе младиот Исак Туре од Авр и дефанзивецот Самуел Гихо, кој беше договорен уште во јануари.
Покрај Хорхе Сампаоли, постои можност клубот да го напушти и спортскиот директор Пабло Лонгорија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













