Connect with us

Тетекс доведе неколку нови имиња

Македонскиот второлигаш Тетекс се засили со неколку нови имиња. Има неколку повратници, но и млади фудбалери кои се вклучени во работата со првиот тим.


Тетекс се засили со Михајло Јакимовски од Воска, Марко Спироски и Бојан Зафировски од Македонија ЃП, Арменд Адеми од Кадино. Продолжени се договорите со Марко Ивановиќ, Стефан Стефановски и Агон Елмази. Во првата екипа е вклучен и голманот Стефан Богојевски.

Тетекс закажа пет контролни натпревари, со Работнички (20. јули), Воска (23. јули), Струга Трим Лум (26. јули), Караорман (29. јули) и со Пелистер (6. август). Дополнително ќе биде утврден терминот за пријателскиот натпревар против Љуботен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови