Connect with us

Адама Траоре се врати во Вулверхемптон откако Барса не го откупи неговиот договор

Адама Траоре се врати во Вулверхемптон откако Барселона, каде што Шпанецот играше како позајмен во втората половина од минатата сезона, ја одби опцијата да ги откупи неговите права.
Кога Траоре беше претставен во јануари, претседателот Жоан Лапорта рече дека планот е Барса да го купи играчот на лето, но тоа очигледно се промени.


Вчера Вулверхемптон објави дека Траоре се вратил во базата на „волците“.

Барселона сигурно ќе бара нови крилни играчи по заминувањето на Адама Траоре, а иднината на Осман Дембеле се уште е нејасна. Каталонците прават се за да го ангажираат крилниот напаѓач на Лидс, Рафиња, и покрај тоа што неговиот клуб веќе ги договорил условите со Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови