
Раководството на Реал Мадрид одлучи да не му упати нова понуда на Марко Асенсио за нов договор, тврди „Марка“. Тоа значи дека Шпанецот има само две опции – или да биде трансфериран сега за околу 30 милиони евра, или да остане уште една година и следното лето да замине како слободен играч.
Првата опција, секако, е поисплатлива за двете страни, бидејќи Реал Мадрид ќе добие пари за Асенсио, а самиот играч ќе може да оди во друг тим каде што ќе настапува поредовно, што е важно за ова да добие повик и во националниот тим на Шпанија за Светско првенство во Катар пред крајот на годината.
Според „Марка“, ниту Асенсио ниту Дани Себалјос не добиле понуди од Реал за нови договори.
Карло Анчелоти минатата сезона покажа дека нема проблем да игра и да користи играчи на кои им истекуваат договорите и за кои се знаеше дека си заминуваат. Таков беше случајот со Бејл, Иско и со Марсело.
Милан е заинтересиран за Асенсио, како и клубови од Премиер – лигата, вклучувајќи го и Ливерпул.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
