Connect with us

Ришарлисон стана второто најскапо засилување на Тотенхем во историјата

Тотенхем и официјално го објави трансферот на Ришарлисон за кого на Евертон ќе му плати 50 милиони фунти плус дополнителни 10 милиони бонуси. Така, Бразилецот стана второто најскапо купување во историјата на Тотенхем по Тангуј Ндомбеле, кој ги чинеше 63 милиони фунти.


Договорот на Ришарлисон е на пет години. Тој го потпиша синоќа откако беше на медицински преглед во неговата родна земја.

Напаѓачот ќе пристигне во Лондон следната недела за да се приклучи на претсезонскиот тренинг камп. Тој е четвртото ново засилување на Антонио Конте ова лето по Иван Перишиќ, Фрејзер Форстер и Ив Бисума.

Ришарлисон има 173 настапи во Премиер – лигата и 48 гола за Вотфорд и Евертон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови