Ривалите од Манчестер, Сити и Јунајтед, се вклучуваат во трката за холандскиот интернационалец Матијс де Лихт од Јувентус. Откако извршниот директор Маурицио Аривабене јавно призна дека дефанзивецот сака да си замине по три сезони во Торино, англиските клубови се на готовс.
Досега најазаинтересиран за услугите на Де Лихт беше Челси, кој мора да ја реновира одбраната по заминувањата на Рудигер и на Кристенсен.
Де Лихт има отштетна клаузула од 120 милиони евра, Челси понуди 100 милиони евра. Претходно се обиде во пакетот да ги вклучи Тимо Вернер или Кристијан Пулишиќ. Сега во трката за Холанѓанецот ќе наддаваат и Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal