По повеќе од две недели преговори, Пари Сен Жермен и Маурисио Покетино конечно се договорија за висината на обештетувањето што ќе го добијат Аргентинецот и неговиот досегашен стручен штаб. Отштетата изнесува 10 милиони евра.
Тој имаше договор со парижаните до јуни 2023 година, но веќе подолго време беше јасно дека нема да продолжи да го води тимот следната сезона.
Според „Л’Екип“, денеска биле потпишани сите документи. Со тоа се отвора вратата за официјално назначување на Кристоф Галтие, кој ќе го замени Покетино.
Французинот веќе договорил двегодишен договор со шампионот, а ПСЖ и неговиот поранешен клуб Ница веќе ја договориле отштетата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













