
Брегалница договори шест пријателски натпревари во текот на подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. „Сините“ ќе имаат шест тест-дуели како подготовка за новата сезона.
Првиот пријателски натпревар ќе биде на 5. јули со новиот прволигаш прилепска Победа и ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип, како прво претставување на новиот тим на Брегалница за сите свои фанови.
Потоа ќе следат натпреварите со Работнички (9. јули) и српскиот прволигаш Трајал од Крушевац, Србија (14. јули), како и со Академија Пандев на 23. јули. На 27. јули ќе следи и контролниот натпревар со Кожуф, а генералката пред стартот на сезоната ќе биде на 31. јули со гостувањето против Беласица во Струмица на прославата на 100-годишнината од формирањето на струмичкиот клуб.
Во меѓувреме продолжуваат подготовките на тимот во Пехчево, кои ќе бидат заокружени на 5. јули токму со пријателскиот дуел со прилепска Победа кој ќе се игра во Штип.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
