
Дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт сака да го напушти клубот. Ова го призна извршниот директор Маурицио Аривабене во интервју за „Тутоспорт“.
„Повторно зборуваме за играчи кои наместо клубот ги следат советите на агентите или колегите. Денеска е невозможно да се задржи фудбалер кој сака да си замине. Не е секогаш до парите, а ако некој сака да си замине, не му кажувате само „во ред, ајде“. Тешко е да се задржи играч, но сите што седат околу преговарачката маса мора да бидат задоволни. Тој што има пари, на крајот победува“, изјави Аривабене.
Челси е заинтересиран да го доведе Матијс де Лихт и нуди 100 милиони евра. Сепак, Јувентус сака да биде платена отштетната клаузула вредна 120 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
