
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо откри каде би сакал да ја заврши фудбалската кариера. Тој има голема желба последната сезона да ја одигра во дресот на Спортинг Лисабон, клубот во кој израсна и без кој немаше да стане тоа што е.
„Кариерата ќе ја завршам во Спортинг. Морам да им се оддолжам барем уште една сезона. Ме скаутираа додека никој не виде ништо посебно во мене, ме создадоа како играч и без нив веројатно би работел во Мекдоналдс“, изјави Роналдо.
Роналдо пред повеќе од две децении дебитираше за клубот од Лисабон, а потоа беше откриен од скаутите на Манчестер Јунајтед. Сер Алекс Фергусон инсистираше да дојде на „Олд Трафорд“, а останатото е историја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
