
Напаѓачот на Евертон, Ришарлисон, постигнал договор за трансфер во Тотенхем, откриваат британските медиуми. Бразилецот ги договорил условите за преселба во Лондон, имал разговор со менаџерот Антонио Конте, а клубовите треба брзо да ги договорат и последните детали.
За Ришарлисон се интересираше и Челси. Се очекува тој летово да го напушти „Гудисон Парк“, со оглед дека Евертон е принуден да продаде една од своите ѕвезди за да ја подобри финансиската состојба.
Ришарлисон минатата сезона беше единствената светла точка на „карамелите“ во борбата за опстанок. Тој постигна 11 гола и забележа пет асистенции на 33 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
