
Челси нема да чека „вечно“ во преговорите со Јувентус за Матијс де Лихт и ќе се насочи кон друг квалитетен дефанзивец од Серија А. Менаџерот Томас Тухел размислува за Калиду Кулибали од Наполи.
Сенегалецот Кулибали има договор со „наполитанците“ до следното лето, па Челси би можел да го доведе во овој трансфер прозорец за релативно добра цена.
За Кулибали имаше интерес и од Барселона, но се чини дека каталонскиот клуб полека се откажува од трката.
По заминувања на Рудигер и на Кристенсен, сега Челси е во позиција дека мора да донесе најмалку еден квалитетен дефанзивец до крајот на летото.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal