
Црногорскиот голман Немања Шчекиќ е третото засилување за Брегалница во летниот преоден рок пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Шчекиќ (30 години, 193 сантиметри висок) има богата фудбалска кариера, а во редовите на Брегалница доаѓа од Рудар Приједор, од шампионатот на БиХ каде настапуваше изминатава сезона.
Претходно во својата кариера, новиот чувар на мрежата на Брегалница, кој потекнува и од младинските школа на белградски Партизан, има настапи и за Чукарички и за Земун во Суперлигата на Србија, во црногорски Могрен, унгарска Бекешчаба, бугарската Монтана како и во Лори Ванадзор во Ерменија.
Шчекиќ треба да биде сериозно засилување за голманската позиција, заедно и со младинскиот репрезентативец Давид Денковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
