Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека титулата е целта на тимот и следната сезона.
„Подготовките ќе ги започнеме со голем ентузијазам. Постигнавме нешто посебно, но ова треба да биде само почетна точка. Знаеме какви ќе бидат тешкотиите за нас во Италија и Европа“, изјави Пиоли.
Тој вели дека едвај чека да стартува новата сезона.
„Ми недостигаат играчите. Ќе биде тешка сезона, но ќе се обидеме да бидеме подготвени. Дали се променив? Учите од позитивни и негативни искуства. Сега сум поискусен и посвесен за моите квалитети. Внатрешно се чувствувам млад. Имам страст и желба да се развивам“, дополни стратегот на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













