Холандскиот дефанзивец Свен Ботман денеска ќе ги мине лекарските прегледи во Њукасл, пренесува „Скај Спортс“. Тој доаѓа од францускиот Лил, кој за неговите права ќе добие околу 40 милиони евра.
Ботман ќе биде третиот нов играч во Њукасл ова лето. Пред него „чавките“ го доведоа левиот бек Мет Таргет од Астон Вила за 17,5 милиони евра и голманот Ник Поуп од Барнли за 11,5 милиони евра.
Минатата сезона 22-годишниот Ботман одигра 25 натпревари во Лига 1 и постигна три гола. Со Лил има и пет натпревари во Лигата на шампионите.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement