
Капитенот на Манчестер Сити, Фернандињо, заминува од „Итихад“. Тој се враќа во татковината, каде потпиша со матичниот клуб Атлетико Параненсе.
По ова, во тимот веќе нема играчи кои ја освоија титулата со Манчестер Сити без Пеп Гвардиола. Фернандињо беше последниот од генерацијата кој го крена англискиот шампионски пехар во 2014 година и досега остана во тимот.
Во тој тим, предводен од Мануел Пелегрини, играа и Харт, Компани, Забалета, Лескот, Милнер, Насри, Негредо, Џеко, Коларов, Хесус Навас, Агуеро, Давид Силва, Клиши, Бери, Јаја Туре…
Фернандињо за Манчестер Сити одигра дури 383 натпревари, постигна 26 гола и забележа 33 асистенции. Има дури пет титули во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal