
Поранешниот играч за врска на италијанската репрезентација и долгогодишен фудбалер на Рома, Дамијано Томази, стана градоначалник на Верона. На изборите за градоначалник, тој со гласовите на гласачите го победи актуелниот Федерико Сбоарину, адвокат кој е на таа функција од 2017 година.
Во последните години од неговата кариера, од 2011 до 2018 година, Томази беше надвор од најсилните лиги и беше претседател на Здружението на италијански фудбалери. Кариерата ја започна во Верона, каде преку младински погон стигна до првиот тим. Тој остави најдлабока трага играјќи за Рома.
Беше член на римскиот клуб од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/2001 ѝ помогна да стигне до третата и сè уште последна титула во Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal