Connect with us

Македонија ЃП ремизираше (1-1) против Лапи

Македонскиот прволигаш Македонија ЃП ремизираше (1-1) против косовскиот тим Лапи на пријателскиот натпревар во Кичево. Тимот на Муарем Бајрами беше подобар во првиот дел, но немаше погодоци.

Лапи поведе во 70.минута, а седум минути подоцна израмни Петар Обадиќ.

„Лавовите“ ги продолжуваат подготовките за настапот во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА каде за противник ја имаат ЦСКА Софија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови