
Раководството на македонскиот прволигаш Брегалница и актуелниот шеф на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски ја продолжија меѓусебната соработка и во следните три години, до јуни 2025 година.
Пред стартот на летните подготовки за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, потпишан е нов тригодишен договор со актуелниот стратег Илчо Ѓорѓиоски кој треба да биде носител на проектот во спортскиот дел за етаблирање на Брегалница како значаен фактор во македонскиот фудбал.
„Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал“, истакна сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов, веднаш по потпишувањето на новиот договор со Илчо Ѓорѓиоски.
Првата прозивка на стартот од летните подготовки, Илчо Ѓорѓиоски ќе ја има утре од 12 часот, откако изминативе деновиве беа реализирани задолжителните лекарски прегледи.
Стартот на подготовките, првично закажан за 23. јуни, е пролонгиран поради одложувањето на лекарските прегледи од страна на медицинските установи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
