
На македонската фудбалска репрезентација и претстои еден од најважните натпревари во новата сезона од Лигата на нации, вечерва од 20.45 часот, против Грузија, на арената „Тодор Проески“. Еден од најискусните наши репрезентативци, Александар Трајковски вели дека Македонија може до победа само со својот препознатлив, тимски дух.
По првата победа во овој циклус, на гости кај Гибралтар, македонските фудбалски репрезентативци земаат залет за нови три бода, со кои би го освоиле врвот во нашата група 4. Противникот е познат и буди пријатни спомени, бидејќи токму против Грузијците, на 12 ноември 2020 година остваривме историска победа за пласман на ЕУРО 2020. Но, тоа значи и дека сега тие ќе имаат уште поголем мотив за реванш и уште посериозно ќе го сфатат предизвикот наречен Македонија.
Затоа, Александар Трајковски предупредува дека него и соиграчите ги очекува тежок натпревар од 20.45 часот, на кој мора да прикажат самодоверба и борба за секоја топка, ако сакаат да стигнат до планираната победа.
„Ова ќе биде еден од важните натпревари за македонската репрезентација. Треба да бидеме на наше највисоко ниво за да го добиеме. Играме пред наша публика и се надевам дека тоа ќе ни биде дополнителна мотивација. Мораме максимално да одиграме од првата до последната минута. Нема да биде воопшто лесен натпревар, Грузија е квалитетен противник и се разбира дека има свои амбиции за првото место во групата. Само со нашиот препознатлив тимски дух, самодоверба и борба за секоја топка можеме да ја постигнеме целта. Подготвени сме и ќе излеземе на терен да победиме“, изјави Трајковски, кој има 78 натпревари и 20 гола во националниот дрес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
