Садио Мане се уште официјално не ја објавил намерата да го напушти Ливерпул, но во клубот веќе се убедени дека разделбата со Сенегалецот е неизбежна. На „Енфилд“ веќе ја одредил цената на 30-годишниот фудбалер, чиј договор со клубот истекува за една година. Баерн Минхен, кој е најзаинтересиран за негов ангажман ќе треба да плати 35 милиони фунти.
Медиумите на Островот се убедени дека Ливерпул сигурно ќе најде соодветна замена за Мане. Во моментов се издвојуваат двајца играчи, чии имиња најчесто се споменуваат како потенцијални замени за Мане. Првиот е Осман Дембеле кој за еден месец ќе ја напушти Барселона, но Ливерпул за него има силна конкуренција и во Пари Сен Жермен.
Второто најпосакувано име на „Енфилд“ е офанзивецот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, за кого се интересираат и Манчестер Јунајтед и Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal