
Среќата му беше наклонета на тимот на Шкендија при вчерашната ждрепка за второто квалификациско коло од ЛШ, но тоа воопшто не беше случај со денешното извлекување за третата рунда од квалификациите. Шкотскиот гигант Селтик или босанскиот првак Сараево ќе биде следен противник на тетовските „црвено-црни“, доколку тие најпрвин успеат да ја минат пречката наречена Номе Калју во двомечот со естонскиот првак на стартот од европските квалификации.
Нема дилеми дека Селтик е огромен фаворит во двомечот со Сараево, исто како што ќе биде и во пресметките со Шкендија доколку двете екипи ги минат претходните пречки. Шкотскиот гигант лани неочекувано беше елиминиран во квалификациите за ЛШ од екипата на АЕК, годинава ќе стори се за да стане дел од групната фаза од Лигата на шампионите, но тетовци ќе сторат се за да го изненадат овој тим, доколку им се укаже шанса за такво нешто.
Мечевите од второто коло во квалификациите за ЛШ ќе се играат на 23/24 јули (во Глазгов) и на 30/31 јули (во Скопје).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal