Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за новото издание во Лигата на нации, а Стефан Ашковски верува дека нашиот национален тим ќе забележи нови успеси.
Прва пречка е селекцијата на Бугарија, а играчот на Сепси посакува триумф за старт.
„За десет дена ќе имаме четири меча и ќе биде интересно. Бугарите се добра репрезентација, но одиме таму на победа, па ќе видиме што ќе биде. Ќе имаме проблеми, ќе ни фалат неколку играчи, но знам дека кој и да игра ќе го даде максимумот бидејќи ние сме горди дека играме за нашата земја. Желбата е да стартуваме со победа против Бугарија“, изјави Ашковски.
Македонија ќе и гостува на Бугарија на 2 јуни во Разград.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













