Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески би можел да ја продолжи кариерата во Наполи, бидејќи тимот на Елиг Елмас е подготвен да го доведе на стадионот „Диего Армандо Марадона“ како слободен играч, пренесува „Газета дело спорт“.
Детето на Фиорентина од 1 јули и официјално ќе биде слободен играч, ќе ја заврши петгодишната и не многу блескава мисија во Јувентус, каде освои седум трофеи.
Неодамна беше објавено дека нема да го продолжи договорот и дека финалето од Купот на Италија пред две недели против Интер во Рим му беше посл
За Бернардески се распрашуваа миланските клубови, пред се Интер, кој може да остане без Иван Перишиќ, но и Лацио предводен од поранешниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари.
Наполи бара замена за капитенот Лоренцо Инсиње кој заминува од Неапол и ќе се пресели во МЛС – лигата на САД. Спалети смета дека Бернардески би бил квалитетна опција.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski