
Тимот на Академија Пандев го загуби третиот контролен натпревар од летните подготовки пред дебитантскиот настап во квалификациите за Лигата на Европа. Составот на Југослав Тренчовски загуби од Славија Софија со 2-3.
Поголем дел од фудбалерите на Академија Пандев имаа стомачни тегоби во текот на денот, но и покрај тоа тимот го одигра овој тест – меч.
Академија Пандев поведе од пенал со голот на Љупчо Дориев во 23.минута. Славија Софија изедначи пред полувремето преку Владислав Узунов.
Бугарскиот тим го сврте резултатот во своја корист со голот на Јанис Карабељов во 50.минута, а потоа постигна и трет гол преку Росен Крстев во 75.минута. Конечниот епилог го постави Шоколаров кој четири минути подоцна си постигна автогол.
Ова е прв пораз за „пандевци“, по победите над Локомотив Пловдив (1-0) и над Берое (2-0).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal